Лига на шампиони (мажи): Киелце убедлив против Нант, Барса го совлада Пик Сегед, победи и за Кил и ГОГ Гудме

Екипата на Киелце беше убедлива против Нант со резултат 40-33 во првото коло од Лигата на шампионите. Најефикасен во Киелце беше Туна со шест погодоци, додека кај тимот на Нант најефикасен беше Мин со девет гола.

Барселона го совлада тимот на Пик Сегед со конечни 35-28. Најдобар стрелец во тимот на Барселона беше Фабрегас со седум гола, додека кај екипата на Пик Сегед најдобар стрелец беше Бодо со пет гола.

На останатите натпревари, тимот на Кил славеше против Елверум со 36-26. Најефикасен во составот на Кил беше Рајнкинд со шест гола, додека во тимот на Елверум најдобар стрелец беше Борзаш со шест гола.

Триумф забележа и ГОГ Гудме на гостувањето кај тимот на ППД Загреб со 31-27. Најдобар во ГОГ Гудме беше Толбринг со пет гола, додека кај ППД Загреб најдобар беше Иван Чупиќ исто така со пет гола.

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.