Екипата на ППД Загреб ја забележа првата победа во Лигата на шампионите против Порто со резултат 29-23.
Најефикасен кај ППД Загреб беше Тимур Дибиров со десет гола, додека кај Порто, Никола Митревски успеа да направи осум интервенции.
Победа извојува и Веспрем против Динамо Букурешт со резултат 33-30, додека ПСЖ славеше кај Магдебург со конечни 29-22. Триумф забележа и Киелце кај Алборг со 30-28.
(фото-ЕХФ)📷