Екипата на Целје го совлада тимот на Кил на домашен терен со резултат 38-36 во натпревар од Лигата на шампионите.
Најефикасен во екипата на Целје беше Алекс Влах со десет гола, додека кај екипата на Кил најефикасен беше Патрик Винчек исто така со десет гола.
Алборг беше подобар од Елверум со конечни 33-25. Најефикасен кај Алборг беше Хансен со шест гола, додека кај Елверум најефикасен беше Нилсен со пет гола.
На останатите дуели, први бодови за ПСЖ против Висла Плоцк, 37-33, додека Веспрем сигурен против Порто со 35-28.
(фото-ЕХФ)📷