Лина Треноска стави крај на ракометната кариера на 38 години!

Поранешната сениорска репрезентативка на Македонија, и актуелна ракометарка на Феризај од Косово, Лина Треноска реши да објави крај на ракометната кариера на 38 години.

Лина Треноска во мај на полуфиналето од Купот во Косово ги скина предните вкрстени лигаменти, и ја очекува долга пауза, па поради тоа голманката реши да стави крај на ракометната кариера.

Треноска ги помина сите младински категории на репрезентацијата на Македонија, а на клупско ниво настапуваше и за Гевгелија, Кометал Ѓорче Петров, Вардар, Куманово, Еуростандард и Кастриоти.

Голманката Треноска најверојатно ќе заплива во тренерските води по завршувањето на кариерата.

(фото – Фејсбук/Лина Треноска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести