Познатиот хрватски ракометен тренер Лино Червар, во Инекс Олгица Хотел и Спа во Охрид, ја промовираше неговата книга „Ракомет – Патот до врвот и тајните на успехот“.
Червар пред присутните, меѓу кои беа ракометни играчи и тренери, спортски работници и новинари, зборуваше за успехот на хрватската ракометна репрезентација која кон крајот на 1990-те години од последна во Европа за само 18 месеци се трансформира во светски и олимписки шампион.
Тој зборуваше за ракометот денес критикувајќи ги непрецизните правила кои, според него, ја уништуваат играта која од колективна денес се повеќе се претвора во игра на индивидуалци. Се осврна и на ракометот во регионот посочувајќи дека цврсто е уверен дека со добра работа клубовите и репрезентациите од Балканот ќе се вратат на патеките на славата што ја имаа некогаш.
(фото – ГРК Охрид)📷