Во пресрет на Европското првенство, поранешниот селектор на Македонија Лино Червар кажа убави зборови за репрезентацијата.
„Искрено, ја поддржувам мојата втора татковина Македонија. Мора да бидеме објективни, Македонија поминува низ промени и се менуваат генерации. Тимот го предводи Кирил Лазаров, најголемата легенда во државата. Ја го сакам и почитувам Кире, работевме заедно, секој мора да го следи неговиот пример. Тој е голем човек кој се грижи за се, со среќа на оние играчи кои ќе имаат можност да работат со него, тие се среќни луѓе. Тој е вистински идол, вистински ракометар, вистински пример како треба да игра еден спортист и како треба човек да се однесува надвор од теренот. Иако рано влезе во тренерските води, мислам дека има голем квалитет и ќе го покаже тоа. Лазаров е гладен за победа и како тренер и како играч. Очекувам голема неизвесност. Никому нема да му биде лесно да ја добие Македонија. Ниту Словенија, ниту Црна Гора, дури ни Данска, која веќе загуби од Македонија во квалификациите“.- изјави Лино Червар за Моцарт Спорт.
(фото-Википедија)📷