Екипата на Охрид, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Ловро Јотиќ, кој настапува на позицијата среден бек и потпиша договор до 2026 година со тимот на Охрид.
“Среќен сум и задоволен што конечно пристигнав во Охрид. Бев примен од играчите и раководството на најдобар можен начин. Трет пат доаѓам во Македонија и затоа имам голема почит кон Македонците. Каде и да сум бил! Ме чека првиот тренинг со тимот и треба полека да се вклопам во тимот. Имаме многу работа, но мислам дека можеме да очекуваме добра сезона. Не сакам да давам големи најави, но ќе работиме да бидеме подобри од натпревар во натпревар и на крајот ќе видиме до каде сме и што направивме”, – изјави Ловро Јотиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷