Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Тиквеш во 15. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Ловро Јотиќ изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против екипата на Тиквеш.
“Пред нас е претпоследниот меч од оваа полусезона против Тиквеш во Кавадарци и верувам во победа. Ова ќе биде едно од најтешките гостувања и мораме да бидеме максимално сконцентрирани доколку сакаме да ги освоиме сите бодови. Максимално ја респектираме екипата на Тиквеш и се подготвуваме со целосен фокус”, – изјави ракометарот на Охрид, Ловро Јотиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷