Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против тимот на Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Ловро Јотиќ изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Еурофарм Пелистер.
“Со победа на гости го отворивме плеј-офот. Сега пред нашите навивачи сакаме да одиграме добар натпревар против првакот на Македонија. Нема да ни биде лесно со оглед на повредите, но ќе дадеме се од себе да го изненадиме Пелистер”, – изјави ракометарот на Охрид, Ловро Јотиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷