Екипата на Локомотива Загреб каде настапува македонската ракометарка Андреа Седлоска по осум години стана шампион на Хрватска.
Локомотива триумфираше против Умаг со убедливи 36-19 и го освои првото место на табелата. Андреа Седлоска на овој натпревар имаше еден погодок.
За Локомитва ова беше четврта титула во хрватскиот шампионат, последен пат пехарот го освои во 2014 година.


(фото – ЖРК Локомотива Загреб)📷