Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Лука Иваниќ е нов ракометар на Бутел Скопје, откако се обврза на едногодишна верност со клубот, со можност договорот да биде продолжен за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.
Иваниќ, кој има 23 години, доаѓа од редовите на поранешниот европски шампион Металопластика Шабац и има одлични физички предиспозиции – висок е 202 цм, а тежок 110 кг.
Со тимот од Шабац минатата сезона го освои Купот на Србија, како и Супер Купот на нашиот северен сосед. Освен во српската Аркус лига, левиот бек со Металопластика играше и во регионалната СЕХА лига и беше во ТОП 10 стрелци во сезоната 2020/21.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷