Екипата на Прилеп, која има високи амбиции за вториот дел од сезоната во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Лука Ѓорѓиевски, кој во продолжението од сезоната ќе настапува за Прилеп.
Ракометарот Лука Ѓорѓиевски настапува на позицијата десен бек и доаѓа од редовите на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Прилеп)📷








