Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против тимот на Тинекс Пролет во Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Луцијан Бура, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа.
“После интензивниот европски натпревар, нашиот фокус брзо се менува кон домашното првенство. Времето за одмор е ограничено, па мораме сериозно да им пристапиме на подготовките за противникот кој ни доаѓа. Со точен пристап и енергија, веруваме дека можеме да се вратиме на победнички пат”, – изјави ракометарот на Охрид, Луцијан Бура.

(фото – ГРК Охрид)📷