Магдебург и Бенфика во финалето во Лигата на Европа

Екипите на Магдебург и Бенфика ќе се сретнат во финалето во Лигата на Европа, откако двете триумфираа над Нексе и Висла Плоцк.

Тимот на Магдебург го совлада Нексе со резултат 34-29. Најефикасен во екипата на Магдебург беше Матијас Муше со осум погодоци, додека кај екипата на Нексе најефикасен беше Халил Јагањац исто така со осум погодоци.

Во второто полуфинале екипата на Бенфика го совлада тимот на Висла Плоцк со конечни 26-19. Најефикасен во тимот на Бенфика беше Петар Ѓорѓиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Висла Плоцк најефикасен беше Золтан Шита со четири погодоци.

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести