Магнус Саугуструп го продолжи договорот со Магдебург

Данскиот ракометар Магнус Саугуструп го продолжи договорот со германскиот тим Магдебург.

Тој со клубот го продолжи договорот до 30 јуни 2026 година. Магнус Саугуструп кој има 25 години претходно настапуваше за Алборг, а настапува и за репрезентацијата на Данска.

„Имавме одлична прва сезона со моето семејство и јас се чувствуваме многу удобно во Магдебург, поради тоа не се двоумев кога решив да го продолжам договорот со Магдебург. Сега се радувам на повеќе години со оваа екипа и овие одлични навивачи во Магдебург“, – изјави магнус Саугуструп.

(фото-Рк Магдебург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести