Македонија во вториот шешир за ждрепката за СП во Полска и Шведска

Македонската сениорска репрезентација ќе биде во вториот шешир за ждрепката за Светското првенство во Полска и Шведска.

На турнирот кој ќе се одржи во Шведска и Полска ќе настапат 32 репрезентации. Ждрепката е на 2 јули, додека Светското првенство во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.

  • Шешир 1: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, прв претставник од Африка
  • Шешир 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија
  • Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Чиле, втор претставник од Африка, трет претставник од Африка
  • Шешир 4: Уругвај, Иран, Јужна Кореја, четврти претставник од Африка, петти претставник од Африка, претставник од Северна Америка, вајлд-карта 1, вајлд-карта 2

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.