Македонија во втор шешир за ЕП во 2024 година!

Македонија ќе биде во вториот шешир пред ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година што ќе се игра во Германија.

ЕХФ ги исклучи Русија и Белорусија, и имаше поместување во шеширите и две нови селекции, а тоа се Грузија и Луксембург.

Ждрепката е на 31 март во 18:00 часот, а квалификациите ќе започнат во октомври оваа година. Европскиот шампионат ќе се одржи од 10-28 јануари 2024 година и ќе има 24 учесници. Пласирани се четири репрезентации на овој шампионат, а тоа се домаќинот Германија, бранителот на титулата Шведска и освојувачите на медали од ЕП 2022, Шпанија и Данска.

Шеширите пред ждрепката:

Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина

Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија и Луксембург

Пласман обезбедуваат сите осум први и втори пласирани во осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.