Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите за Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска.
Македонија ќе игра во групата Ф во градот Краков (Полска) со селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија.
Првите три репрезентации вкрстуваат во групата Е, каде таму се Германија, Катар, Србија и Африка 5.
Светско првенство група Ф (распоред):
13 јануари, 20:30 часот, Македонија – Норвешка
15 јануари, 20:30 часот, Македонија – Холандија
17 јануари, 20:30 часот, Македонија – Аргентина

(фото-ИХФ)📷