mkd

Македонија го совлада Израел на првиот пријателски натпревар

Репрезентацијата на Македонија славеше против Израел на првиот пријателски натпревар со 31-28.

Од почетокот на натпреварот Израел беше во предност, и на полувреме замина со минимална предност од 15-14. Во вториот дел Македонија успеа да се врати, за на крај да слави победа против селекцијата на Израел.

Најефикасни во Македонија беа Ненад Костески со пет погодоци и Цветан Кузманоски со четири погодоци.

Македонија 31-28 Израел

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.