Репрезентацијата на Македонија забележа победа на гостувањето кај репрезентација на Луксембург со резултат 28-23.
На полувреме Македонија имаше предност од 14-12. Во второто полувреме Македонија продолжи со водството, па на крај да слави победа против Луксембург.
Најефикасен кај селекцијата на Македонија беше Филип Талески со осум гола, додека кај селекцијата на Луксембург најефикасен беше Кајсен со десет гола.
(фото – РФМ)📷