Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби од Египет во полуфиналето од Медитеранските игри со конечни 34-20.
Египет на пауза имаше високи 16-10. Во второто полувреме Египет продолжи да го полни голот на Македонија за на крај да слави со убедлива разлика.
Најефикасен во составот на Македонија беше Павле Атанасијевиќ со три погодоци, додека во составот на Египет најефикасен беше Санад со осум погодоци.
(фото-МОК)📷