Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби убедливо од Германија со резултат 34-21 и ќе игра за 11. место против Хрватска.
Германија од почетокот на натпреварот го презеде водството и на пауза замина со предност од 12-17. Во второто полувреме Германија ја зголеми разликата за победа против Македонија.
Најефикасна во составот на Македонија беше Емилијана Ризоска со четири погодоци, додека кај Германија најефикасна беше Лојхтер со девет погодоци.
(фото-РФМ)📷