Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од кадетките на Исланд со резултат 25-22 и ги загуби шансите за место во четвртфиналето.
Исланд имаше контрола на резултатот, па на полувреме замина со предност од 13-10. Во второто полувреме Македонија успеваше да се врати, но не доволно за победа против Исланд.
Најефикасна во составот на Македонија беше Бојана Коцева со постигнати шест погодоци.
(фото-РФМ)📷