Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Романија со 2-1 во сетови, во разигрувањето за пласман и заврши на 16. место на Европското првенство во 2023 година во ракомет на плажа.
Македонија го доби првиот сет со 16-14, додека вториот сет Романија го освои со 12-11.
Во пенал завршницата романките беа подобри од нашите репрезентативки, и славеа со конечни 8-3.
(фото – РФМ)📷