Репрезентацијата на Македонија загуби од Романија со 24-22 во вториот натпревар од првиот бараж, но и со овој пораз Македонија обезбеди место во вториот бараж за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете селекции замина со нерешен резултат на полувреме од 12-12. Во вториот дел Романија успеа да направи водство и да го сочува до крај за победа над Македонија.
Најефикасен кај Македонија беше Кире Лазаров со шест гола, додека кај Романија најефикасен беше Хумет со пет гола.
(фото-РФМ)📷