Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Полска со резултат 22-18 во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на СП 2025 година.
Иако селекцијата на Македонија во последните десет минути губеше со осум разлика, сепак македонската репрезентација успеа да ја намали негативата на четири разлика.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Сара Ристовска со осум гола, додека Коларовска, Гакидова и Дамјаноска имаа по два погодоци.
(фото – РФМ)📷