Репрезентацијата на Македонија загуби од селекцијата на Романија со резултат 31-23 во 3. коло од Европското првенство.
Романија на пауза имаше предност од 13-12. Во второто полувреме селекцијата на Романија продолжи со добрата игра, па на крај да ја совлада Македонија.
Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Дабевска со седум погодоци, додека кај селекцијата на Романија најефикасна беше Неагу со десет погодоци.
(фото – РФМ)📷