Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Унгарија со конечни 29-19 во 3. коло од групната фаза од Европското првенство 2024 година.
Иако селекцијата на Македонија во првото полувреме парираше, сепак во второто полувреме Унгарија имаше подобра игра, па на крај да триумфира.
Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Сара Ристовска со шест погодоци, додека на голот најдобра беше Драгана Петковска со 10 одбрани.
(фото – РФМ)📷