Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби од Србија со 29-34 во натпреварот за бронза, и нашата репрезентација го освои 4. место на Медитеранските игри.
Селекцијата на Србија на полувреме замина со предност од 13-15. Во второто полувреме Србија го сочува водството до крај за победа против Македонија.
Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Костадин Петров со пет погодоци, додека кај селекцијата на Србија најефикасен беше Воркапиќ со шест погодоци.
(фото-МОК)📷