Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од Норвешка на вториот натпревар од ЕХФ Еуро Купот со конечни 27-32 на гости.
Во првото полувреме се играше гол за гол и на полувреме двете репрезентации заминаа со нерешен резултат од 14-14. Во второто полувреме пак се играше гол за гол, но Македонија попушти во финишот и мораше да се задоволи со пораз од Норвешка.
Најефикасна во селекцијата на Норвешка беше Кристина Новак со девет погодоци, додека кај селекцијата на Македонија најефикасна беше Дабевска со пет погодоци.
(фото-РФМ)📷