Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра нерешено против Алжир со 24-24 во вториот натпревар од Медитеранските игри.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете репрезентации заминаа со нерешен резултат на полувреме од 15-15. Во второто полувреме Алжир го презеде водството, но на крај Македонија успеа да се избори за нерешен резултат.
Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Мартин Серафимов со пет погодоци, додека кај селекцијата на Алжир најефикасен беше Редуан Сакер со седум погодоци.
(фото-МОК)📷