Женската сениорска репрезентација на Македонија забележа пораз на гостувањето кај селекцијата на Белгија со конечни 26-25 во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Иако селекцијата на Македонија имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, сепак на крај загуби од селекцијата на Белгија.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Јована Кипријановска со седум гола, додека по три гола имаа Марија и Ангела Јанкуловски и Ивана Гакидова.
(фото – РФМ)📷








