Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби потенцијалните противници за баражот за пласман на СП 2027 година.
Селекцијата на Македонија за противник ќе го има победникот од натпреварот меѓу репрезентациите на Украина или Словачка.
Првиот натпревар ќе се одигра на 13 или 14 мај на гостински терен, додека реваншот ќе се одигра на 16 или 17 мај на домашен терен.
Победникот од овој натпревар ќе обезбеди пласман на СП 2027 година што ќе се одржи во Германија.
(фото – РФМ)📷








