Репрезентацијата на Македонија загуби од репрезентацијата на Аргентина со високи 35-26, и ќе игра во Президент Купот.
Аргентина направи голема разлика во првото полувреме, па на пауза замина со предност од 18-11. Во второто полувреме Аргентина продолжи да ја зголемува предноста, па на крај да слави против Македонија.
Најефикасен кај селекцијата на Аргентина беше Диего Симоне со осум гола, додека кај Македонија најефикасен беше Филип Талески со пет гола.
(фото – РФМ)📷