Репрезентацијата на Македонија забележа висока победа против Луксембург со резултат 38-24 во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Македонија беше фаворит на овој натпревар. Уште во првото полувреме Македонија имаше високо водство, па на пауза замина со предност од 18-7. Во второто полувреме Македонија ја оправда улогата фаворит на овој натпревар.
Најефикасен кај селекцијата на Македонија беше Цветан Кузманоски со пет гола, додека кај селекцијата на Луксембург најефикасен беше Хофман со четири гола.
(фото-РФМ)📷