Сениорската машка репрезентација на Македонија забележа победа против Турција со 30-27 и го завери пласманот на ЕП 2024 година.
Македонија добро го започна натпреварот, но Турција успеа да израмни на полувреме за 15-15. Во второто полувреме Турција го презеде водството, но Македонија успеа да направи пресврт, па на крај да слави победа.
Најефикасни во редовите на Македонија беа Марко Митев и Жарко Пешевски со по пет гола, додека кај селекцијата на Турција најефикасен беше Али Тинкир исто така имаше пет гола.
(фото – РФМ)📷