Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за ЕП 2024 година.
На списокот повикани се 18 ракометари. Македонија е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија. Од списокот отпадна Цветан Кузманоски од Еурофарм Пелистер.
Список на повикани ракометари: Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев и Игор Ѓорѓиев.
(фото – РФМ)📷