Машката младинска репрезентација на Македонија забележа висока и убедлива победа против селекцијата на САД со 47-28 и го заврши СП 2025 година за младинци на 25. место.
Македонија во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па на крај заслужено да триумфира против САД.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Ненад Белистојаноски со седум гола, додека Славчо Шулески, Мирче Калајџиески и Дамјан Субашевски имаа по пет гола.
(фото – РФМ)📷