Машката сениорска репрезентација на Македонија забележа висока и убедлива победа против Естонија со резултат 36-17 во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Селекцијата на Македонија од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на крај да ја совлада селекцијата на Естонија.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Филип Кузмановски со шест гола, а Мартин Томовски имаше 12 одбрани.
(фото – РФМ)📷