Екипата на Македонија Ѓорче Петров го совлада тимот на Кичево 2020 на домашен терен со резултат 34-30 во Првата лига.
Тимот на Кичево 2020 беше рамноправен во текот на целиот натпревар, но немаше доволно сила, за да слави победа на гостувањето во Скопје.
Најефикасен во тимот на Македонија Ѓорче Петров беше Филип Ролевски со 12 гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Кристијан Смилески со 9 гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷