Македонија Ѓорче Петров и Борец си го поделија пленот

Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Борец си ги поделија бодовите откако овој натпревар заврши нерешено со 25-25.

Борец го презеде водството, и на пауза замина со предност од 17-13. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров успеа да се врати и добро му парираше на Борец до крај, за на крај натпреварот да заврши нерешено.

Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Максимилијан Ѓиноски со осум голови, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Лазар Стојанов со седум голови.

(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести