Екипата на Македонија Ѓорче Петров оствари лесна победа против Шампион со конечни 35-29 во Првата лига.
Македонија Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со високи 17-8. Второто полувреме беше само формалност Македонија Ѓорче Петров да ја завери победата против Шампион.
Најдобар стрелец кај екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Филип Ролевски со осум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Живко Петровски со шест гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷