Македонија Ѓорче Петров лесно со Преспа

Екипата на Македонија Ѓорче Петров славеше против Преспа 2015 со резултат 31-24 во плеј-аутот во Првата лига.

На пауза Македонија Ѓорче Петров обезбеди плус четири 14-10. Во второто полувреме домашната екипа немаше проблеми да дојде лесно до победа против Преспа 2015.

Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Петко Митовски со осум гола, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Бојан Џуклевски со седум гола.

(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.