Екипата на Македонија Ѓорче Петров, која има високи амбиции за новата сезона во Првата лига ги стартуваше подготовките.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров подготовките ќе ги одвива на отворено во Сарај, потоа клубот продолжува во сала, каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари.
Од клубот си заминаа ракометарите Михајло Костовски, Матеј Марковски, Марко Стојановски, Никола Иванов и Бојан Божиновски.
Нови засилувања на тимот се Бобан Петров, Дарко Рангелов, Александар Грујевски и Обрен Фичуроски.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷