Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров забележаа победа против ракометарите на Преспа Вардар со 36-25 во Првата лига.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров уште на полувреме имаше висока разлика од 21-14, па така во второто полувреме продолжи со предноста и да ја совлада екипата на Преспа Вардар.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Мартин Бучуковски со осум гола, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Иван Костовски со седум гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷