Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа на гостувањето кај екипата на Овче Поле со конечни 29-23 во натпревар од Првата лига.
Иако тимот на Овче Поле парираше во поголемиот дел од натпреварот, сепак на крај Македонија Ѓорче Петров ги освои бодовите.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Михаел Тотиќ со 13 погодоци, додека кај Овче Поле најефикасен беше Александар Димитров со 9 погодоци.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








