Екипата на Македонија Ѓорче Петров продолжува со победите во Првата лига, откако го совлада тимот на Шампион со 30-26.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров и на полувреме имаше водство од 16-14. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров продолжи со добрата игра и на крај да слави победа против Шампион.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Михајло Костовски со шест гола, додека кај Шампион најефикасни беа Ненад Богоевски и Кристијан Ѓоргиев со по седум гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷