Македонија Ѓорче Петров со апел до институциите за сала

Екипата на Македонија Ѓорче Петров во машка конкуренција која се бори во Првата лига подготовките ги минува на отворено.

Од клубот со апел до институциите за помош да најдат сала во која ќе тренираат и ќе имаат подобри услови за Првата лига.

“Ништо немаме на ум веќе. Патувавме низ времето. Тренинзи ракометни на асфалт како во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Во денешно време. Само затоа што со нас си играат институционален пинг понг и “високи” политики кои се прекршуваат преку нашиот грб. 70-тина ракометари вежбаат под отворено небо, само кога не врне. Дали има смисла целокупниот наш напор? Се обративме до сите релевантни фактори за салата. Градоначалник на Град Скопје, Секретар на Град Скопје, а денеска до Совет и до Градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Нашите можности се тие. Се друго е надвор од нашето поле на дејствување”, – стои во соопштението од тимот на Македонија Ѓорче Петров.

(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести