Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија лесна победа на гостувањето кај екипата на Шампион со резултат 16-23 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.
Македонија Ѓорче Петров го презеде водството на полувреме од 11-13. Во второто полувреме гостите од Ѓорче Петров продолжија со добрата игра до крај за победа против Шампион.
Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Неделковски со пет погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Мирчески исто така со пет погодоци.
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷