Македонија Ѓорче Петров со победа се враќа од тешкото гостување кај Бисинов

Екипата на Македонија Ѓорче Петров оствари победа против тимот на Бисинов Фруит Ленд со 28-27 во Првата лига.

Во првото полувреме Македонија Ѓорче Петров беше во водство, во второто полувреме екипата на Бисинов Фруит Ленд се обиде да се врати, но не доволно за победа.

Најефикасен во тимот на Македонија Ѓорче Петров беше Мартин Димовски со девет гола, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Александар Ристовски со десет гола.

(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.